History of Macedonian Rock Scene 1963- 2023 

Lecture by Tosho Filipovski

Istorija na Makedonskata Rok Muzika 1963- 2023 

Predavanje na Tosho Filipovski

About Проект: Рок историја
„Историја на Македонската рок музика, 1963-2023“ 
(аудио/визуелни изложба и предавања низ неколку градови во САД)
ЗА ПРОЕКТОТ
Проектот е осмислен како двочасовно предавање за оичетоците развојот и сегашноста на македонската рок музика, сватена во поширок контекст (блуз, џез, фанк, панк, хеви метал, рап, алтернатива, инди, прогресив…..). Серијата предавања ќе вклучат и аудио-визуелни презентации на македонска музика и музички артефакти (фотографии, изданија, часописи, фанзини итн…) од пребогатата македонската музика историја. Самата идеја и потребата од едни вакви предавања е иницирана од македонските иселеници, во периодот кога ја создавав “Македонска Рок Енциклопедија, 1963-2018, Прв Том”. 
Главна цел: Запознавање на младите генерации, со македонско потекло а кои живеат во САД, со богатата македонска урбана музичка историја.
Примарна таргет група: Младите генерации на македонската дијаспора во САД.
Останати цели: Депонирање примероци од книгите, чии автор е Тошо Филиповски во Конгресната библиотека во Вашингтон (Capitol and Library of Congress) и во музејот на Рокенрол холот на славните (Rock’n’Roll Hall Of Fame) во Кливленд. Веќе е остварен контакт со спомнатите институции и тие се во очекување на средба и примероци од книгите.


Период на реализација: од 03 до 30 септември 2024 година.


Предвидени локации за посета: 
Њу Јорк 
Њу Џерси
Вашингтон
Чикаго
Детроит
Кливленд
Колумбус
Атланта

ЗА ТОШО ФИЛИПОВСКИ
Публицист, издавач и рок хроничар. Пасиониран вљубеник во рок музиката со особен фокус на македонската рок музика и посветен автор на содржина за истата, што ќе остане како наследство за идните генерации од кои очекува продолжување на раскажувањето на приказната за живописната македонска рок музика.